Сардинија дава грантови за доселеници, но има и услови
Сардинија во Италиjа дава грантови за доселеници, но има и услови кои мора да ги исполнат.
Секој што ќе прифати да се досели ќе биде награден со 15.000 евра грант од локалната самоуправа. Овие пари нема да ги враќаат назад. Новите жители парите ќе треба да ги потрошат за купување и поправка на куќа, а вториот услов е таа да се наоѓа во општина со помалку од 3.000 жители. Овие 15.000 евра што ќе бидат доделени се максималниот износ и по правило не може да надмине 50 проценти од цената на имотот или реновирањето. За проектот се планирани 45 милиони евра, што ќе биде доволно за најмалку 3.000 домаќинства. Како што објави веб-страницата TheMayor.eu, доселениците треба да ја регистрираат својата адреса на островот најдоцна 18 месеци по нивното пристигнување за да можат да аплицираат за грантот. Ова не е прв ваков проект. И претходно, малите места во Италија со слични модели на финансирање се обидуваа да привлечат нови жители.
foto freepik.com/kotkoa
