Санкциите против Русија и на тоалетна хартија
Тоалетна хартија со испечатен текст на неа со санкциите против Русија почна да се шири во рускиот град Омск.
Текстот е на англиски јазик, а организаторите на кампањата веќе испратиле ролни од дизајнерската продукција во амбасади на западни земји - САД, Германија и Велика Британија.
Неодамна Западните земји ги продолжија санкции со уште една година, воведени поради анексијата на Крим и мешањето во конфликтот во источна Украина .
Организаторот Кирил Колјасин објаснува дека со оваа акција тој и неговите колеги сакаат да ја изразат поддршката за владата и надворешната политика која ја води, а исто така и да им покажат на западните лидери дека "не само на раководството, но и граѓаните на земјата се однесуваат со презир кон внесените санкции ".
Колјасин објаснува дека идејата му текнала уште минатата година, но различни околности ја одложиле при спроведувањето.
Всушност да се изрази тоа преку таков производ нема да им излезе никако поевтино на Русите, бидејќи тоалетната хартија се продава во кутии по две ролни за 990 рубљи.
Како бонус може да се сфати сепак пластичната кутија во која се ролни и на која се прикажани лицата на државните раководители на Европа и на САД.
Тоалетната хартија е достапна и на интернет.

