САНКЦИИТЕ НА САД ДЕЈСТВУВААТ: Мерките го притискаат рускиот олигарх Олег Дерипаска и тој е пред банкрот
Главната компанија на рускиот олигарх Олег Дерипаска - загубил речиси половина од капиталната оценка на берзата во Хонг Конг уште во првиот работен ден, откако тој и неговиот бизнис беа санкционирани од САД.
Претходно Rusal (неговата компанија) предупреди дека санкциите можат да доведат до технички исклучително голем број на кредитни обврски и исто така да имаат негативно влијание врз развојот на бизнисот, објавија светски медиуми.
Тоа предизвика стампедо на инвеститорите од акциите на Rusal и до моментов тие се оштетени со над 47%. Тоа е еднакво на загуба од речиси 4 милијарди долари од капиталната оценка, и тоа откако веќе компанијата се обезвредни со околу 20% веднаш по веста за новите санкции, распространета по крајот на трговскиот ден.
Започнува проценка на заканата од банкрот и годишниот извештај на Rusal е одложен на неодредено време. Во исто време, компанијата забележа дека има намера да ги исполни сите свои обврски кои постоеле досега.
Дерипаска е мнозински сопственик на РУСАЛ, односно руска компанија за алуминиум. Се смета дека е еден од најблиските до Владимир Путин од руските олигарси. Според списанието Times, неговото богатство се проценува околу 14,5 милијарди американски долари, како најбогат човек во Русија, заедно со Роман Абрамович.
