Економија, финансии, бизнис

Контакт

Санкции за Кадиров, Медведев, Шојгу и многу други

Санкции за Кадиров, Медведев, Шојгу и многу други

Воведени се ограничувања за нови руски поединци и компании, како и за стоки „поврзани со хемиско оружје“.

Јапонија ја прошири листата на санкциите против Русија, a на удар е и семејството на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров. Членовите на семејството на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, заменик-претседателот на Советот за безбедност Дмитриј Медведев и премиерот Михаил Мишустин се меѓу повеќе од 80 лица на новата листа на санкции.

 Министерството за финансии денеска објави нова црна листа, во која има бројни руски државјани и девет компании и организации, пренесува ТАСС.

Јапонското министерство за економија, трговија и индустрија на 26 септември објави дека земјата ќе ги прошири санкциите против Русија, воведувајќи забрана за извоз на стоки и материјали „поврзани со хемиско оружје“. 

Санкциите од јапонската влада од почетокот на војната во Украина се однесуваат на повеќе од 800 луѓе од Русија, над 200 руски компании и организации и 11 банки. 

ЕУ претходно воведе повеќе сетови на санкции против Русија поради војната во Украина која почна на 24 февруари. Русија реагираше дека на овој начин сакаат да ја уништат. 

Слично

Поврзани вести