Економија, финансии, бизнис

Контакт

САНКЦИИ: САД замрзнаа сметки на најблиските соработници на Путин

САНКЦИИ: САД замрзнаа сметки на најблиските соработници на Путин
Нови санкции воведоа САД против Русија и руските државјани, замрзнувајќи ги сметките на седуммина Руси и 17 компании. Со мерката се опфатени и двајца најблиски соработници на претседателот Владимир Путин, како и и чекори да се спречи Москва од добивање на технологија за своите воени потреби, објави Белата куќа. „САД преземаат дополнителни дејства денеска како одговор на континуираната незаконската интервенција на Русија во Украина и провокативните акти кои ја поткопуваат демократијата на Украина и се закануваат на мирот, безбедноста, стабилноста, суверенитетот и територијалниот интегритет“, стои во соопштението од Белата куќа. Најпознато име на листата на лица на кои САД тукушто им ги блокираа сметките е Игор Сечин, долгогодишен многу близок соработник на Путин, уште од 90-тите години. Новите санкции за Русија ќе доведат само до консолидација на руската елита, изјави Андреј Белоусов, помошникот на рускиот претседател Владимир Путин. „Колку построги стануваат санкциите толку посилно ќе се консолидира елитата и тоа е главен ефект од тоа. Мислам дека санкциите ќе влијаат така што ние повеќе ќе се мобилизираме“, истакна Белоусов. Тој додаде дека менталитетот на Русите е дека колку се посилни надворешните негативни фактори толку се поголеми условите за консолидаризирање внатре во земјата.
Слично

Поврзани вести