Економија, финансии, бизнис

Контакт

САНЧЕЗ СМЕТА ДЕКА ШПАНИЈА ДОВОЛНО ТРОШИ ЗА ОДБРАНАТА: Tрамп му се закани со повисоки царини

САНЧЕЗ СМЕТА ДЕКА ШПАНИЈА ДОВОЛНО ТРОШИ ЗА ОДБРАНАТА: Tрамп му се закани со повисоки царини

Премиерот на Шпанија, Педро Санчез денеска изјави дека моменталните трошоци за одбрана се доволни.

„Шпанија ќе ги исполни новите цели за способности кои денеска ги договорија членките на НАТО, но смета дека нејзиното моментално издвојување за одбрана од два проценти од БДП е „доволно, реално и компатибилно со државата“, изјави Санчез.

Шпанија веќе претходно изјави дека не мора да ја исполни целта од пет проценти и дека може да ги исполни своите обврски трошејќи значително помалку.

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг се обврзаа да инвестираат по пет отсто од националниот БДП годишно за основните потреби за одбраната и безбедноста до 2035 година. 

Но, американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ги удвои американските царини за увоз на шпански производи поради нискиот буџет за одбрана. 

Слично

Поврзани вести