Санчез: Оваа војна во Иран е исклучителна грешка за која ќе платиме
Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека односите меѓу Шпанија и САД мора да се темелат на лојална соработка, а не на конфронтација, во период кога тензиите меѓу двете земји се зголемија поради војната на Блискиот Исток.
Санчез повторно ја критикуваше воената операција против Иран, во која учествуваат САД и Израел, оценувајќи дека станува збор за „исклучителна грешка“ со сериозни последици.
„Оваа војна во Иран, според мене и според мислењето на Шпанија, е исклучителна грешка за која ќе платиме“, изјави Санчез.
Тензиите дополнително се зголемија откако американскиот претседател Доналд Трамп го критикуваше шпанскиот премиер затоа што Мадрид не им дозволи на американските сили да користат две воени бази во Шпанија како дел од операцијата против Иран.
Санчез истакна дека нападот врз Иран не е во согласност со меѓународното право и предупреди дека ваквите потези можат дополнително да ја дестабилизираат ситуацијата во регионот.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека нема да има договор со Иран „освен со безусловно предавање“.foto printskrin youtube
