Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Samsung“ во нови проблеми: Повлекува 2,8 милиони машини

„Samsung“ во нови проблеми: Повлекува 2,8 милиони машини

Samsung соопшти дека поради безбедносни ризици ќе повлече скоро 3 милиони машини за перење алишта со горно полнење во САД.

Причина за повлекувањето на 2,8 милион машини е поради утврденоста дека капакот може изненадно да се одвои од машината, што претставува опасност од повреди, соопшти Комисијата за безбедност на производите во САД.

Машините кои ќе бидат повлечени се произведени во период од март 2011 до ноември 2016 година.

Samsung добил девет пријави од лица кои на тој начин се повредиле, вклучувајќи и скршена вилица, повреда на рамо и слично.

Samsung кој е водечки произведувач на паметни телефони, се соочува со последици на повлекување на најмалку 2,5 милиони телефони од моделот „Галакси Ноут 7“ поради проблеми со батериите кои може да експлодираат.

Слично

Поврзани вести