Економија, финансии, бизнис

Контакт

Samsung повторно е лидер на светските пазари на смартфони

Samsung повторно е лидер на светските пазари на смартфони

Samsung ја задржува предноста во светскиот пазар на смартфони, откако продажбата на компанијата во третиот квартал се зголеми за 6.1% во споредба со истиот период минатата година - до 84,5 милиони уреди.

Apple ја зголеми продажбата на iPhone со 22.2% - до 48 милиони единици.

Продажбата на Huawei исто така предвиде раст во текот на кварталот со 60,9% - до 26,5 милиони смартфони. Вкупната продажба на Lenovo и Motorola скокна 11,1% - до 18,8 милиони парчиња, а Xiaomi продала 18,3 милиони смартфони.

Глобалната продажба на паметни телефони во третиот квартал на 2015 година се зголеми за 6,8% во споредба со истиот период една година порано - до 355.2 милиони примероци, покажуваат прелиминарните податоци на истражувачката компанија IDC.

Бројот на продадени паметни телефони во периодот јули-септември воспостави втор рекорд за квартални показатели, пишува Интерфакс.

Продажбата е малку под прогнозата на IDC, која изнесува 363.8 милиони уреди, главно поради послабата очекувана продажба на iPhone и паметните телефони, базирани на системот Android.

"Пејзажот за производителите на смартфони и понудените од нив уреди во моментов е навистина уникатен, можеме да видиме дека на многу пазари, корисниците гледаат алтернатива за купување, кога станува збор за тоа колку треба да платат за смартфон" - вели аналитичарот Рајан Рајт од IDC.

Според зборовите на експертот, во многу развиени пазари широк спектар на оператори ги поврзуваат понудените смартфони со тарифни планови, а исто така, даваат можност и за промена на стар уред со нов преку доплата

Слично

Поврзани вести