Samsung плаќа уште една мултимилионска парична казна на Apple
Samsung плаќа уште една мултимилионска парична казна на Apple. Apple и Samsung продолжуваат да се борат во судовите низ целиот свет. Судското жири одлучи во четвртокот дека Samsung треба да плати уште 290 милиони долари на Apple поради штета од прекршени патенти и со тоа заврши едно поглавје од патентната битка меѓу двата технолошки гиганти , пишува New York Times.
Жирито од шест жени и двајца мажи процени дека штетата направена на Apple е од патентните нарушувања во 13 производи на Samsung . Тоа процени дека два смартфона се " одговорни" за најлошате штета: Samsung Infuse 4G - околу 100 милиони , и Droid Charge за 60 милиони .
Износот на должничкото обештетување нема да ги промени значително сметководствените книги на ниту една од двете компании. Samsung мораше да плати на Apple над 1 милијарда долари за прекршување на патенти. Судијата Луси Ко од Федералниот суд во Дистрикт на Северна Калифорнија одлучи да го намали износот на 450 милиони , велејќи дека не е јасно како жирито дошло до над 1 милијарда .
Apple и Samsung продолжуваат да се борам во судовите низ целиот свет . Во САД пресудите се во корист на Apple . Секоја од двете компании ја убеди Комисија за меѓународна трговија на САД , дека противникот ги прекршил патентите , по што следуваше забрана на производи и на двата гиганти .
Слично
