Економија, финансии, бизнис

Контакт

Samsung лансира таблет Galaxy Tab 3 за деца

Samsung лансира таблет Galaxy Tab 3 за деца
Новиот таблет на Samsung Galaxy Tab 3 Kids веќе може да се нарача во САД пред неговата официјална продажба која ќе започне на 10-ти ноември . Хардверот на таблетот кој ќе чини 229.99 долари , ќе биде идентичен со онаа на верзијата за возрасни на ' Galaxy Tab 3 ' , но боите ќе бидат поживи , а софтверот ќе биде насочен кон младите корисници . Таблетот кој ќе се продава во пакет со апликации за деца како " Fruit Ninja " и " Discovery Kids , " ќе има поедноставен интерфејс и писец за апликации за цртање . Таблетот ќе располага со функции за родителска контрола . Така децата нема да можат да акумулираат несвесно големи сметки и нема да отвараат несоодветни содржини . Tab 3 Kids исто така ќе нуди временска контрола која ќе ја местат родителите, па таблетот ќе се заклучува , откако бил користен одредено време.
Слично

Поврзани вести