Самсунг ја доби втората битка, Епл не смее да продава стари ајфони!
Компанијата Епл го изгуби спорот со јужнокорејскиот ривал Самсунг во случајот за крадење на патентот. Меѓународната трговска комисија од денеска го забрани увозот и продажбата на постарите модели на Епл( на ајпади и ајфони) откако беше откриено дека компанија го прекршила патентот во сопственост на „Самсунг“.
Казната е симболична , коментираат познавачите бидејќи забраната се однесува на уреди кои повеќе активно не се продаваат на американскиот пазар. Одлуката на комисијата е конечна, а Епл сега може да се жали пред Американскиот жалбен суд.
„Веруваме дека конечната одлука на Меѓународната трговска комисија ја потврди неколкугодишната злоупотреба од Епл на технолошките иновации на Самсунг“, стои во соопштението на соопштението јужнокорејската компанија.
Случајот беше отворен во август 2011 година по низата обвиненија меѓу двата ривали околу крадењето на патентот. Во вториот судски спор за патент, Самсунг лани требаѓе да плати оштета од милијарда долари за кражба на патентот на Епл. Неколку месеци по пресувата, судијата казната ја намали на 598,9 милиони долари.
Слично
