„Самсунг“ годинава очекува рекордна добивка
Јужнокорејската компанија „Самсунг“ е на добар пат да забележи рекордни резултати, втора година по ред. Оценката на аналитичаритее дека во оваа година комапнијата ја очекува добивка од над 23 милијарди евра, или за една третина повеќе од лани.
Светскиот лидер во производство на РАМ мемории оваа година ќе оствари најдобар резултат во продажбата на полупроводници за последните три години, со што ќе го компензира падот на продажбата на паметните телфони “Galaxy S4″, пренесува Ројтерс.
Експертите на Barcklays банката сметаат дека во третиот квартал продажбата на S4 телефоните паднала на 16 милиони примероци и ќе продолжи со намалување, додека во првите два месеци откако беше пуштен во продажба се продадени дури 20 милиони.
Слично
