Економија, финансии, бизнис

Контакт

САМОУБИЕЦОТ ОД АНСБАХ ВОЈНИК НА ИД: Во телефонот на Сириецот најдени снимки …

САМОУБИЕЦОТ ОД АНСБАХ ВОЈНИК НА ИД: Во телефонот на Сириецот најдени снимки …

Во телефонот на Сириецот Мохамед Д, кој го изврши самоубиствениот терористички напад во близина на музичкиот фестивал во Ансбах, пронајдена е видео снимка на која тој изразува лојалност кон водачите на самонаречената Исламска држава, изјави денеска министерот за внатрешни работи на Баварија Јоахим Херман.

Тој навел дека преводот на снимката, во која Сириецот говори на арапски јазик, покажал дека тој го најавил „нападот од одмазда“ против Германија, пренесе агенцијата АП.

Херман додал дека од снимката може да се заклучи дека бомбашкиот напад во Ансбах, во кој се повредени 12 лица, бил „терористички напад“.

Во домот на 27-годишниот Мохамед Д. исто така се најдени видео снимки на кои е прикажано насилство, како и материјал за правење на бомби.

Видео снимките пронајдени на хард дискот на компјутерот на напаѓачот имале „салафистичка содржина“ , рекол Херман и додал дека полицијата исто така пронашла бензин, хемикалии и други материјали кои можат да се искористат за правење на бомби.

Баварскиот министер истакнал дека засега нема докази за поврзаноста на Сириецот со некоја екстремистичка организација, но тие сепак укажуваат дека нападот е мотивиран од исламскиот екстремизам.

Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во Ансбах

Новинската агенција на самонаречената Исламска држава Амак соопштила денес дека нападот во близина на музичкиот фестивал во германскиот град Ансбах, во кој се повредени 15 лица, го извел борец на ИД.

„Тој го изведе нападот како одговор на повикот на групата да се вршат напади во земјите кои дејствуваат против Исламска држава“, соопштила агенцијата Амак.

Слично

Поврзани вести