САМОИЗОЛАЦИЈА НА ЕУ: Од пладне Еворпската Унија ги затвора границите
Денеска на пладне Европската Унија ќе ги затвори границите во зоните на Унијата и на Шенген. Препораката на Европската Комисија, синоќа на видео-коференција ја прифатија лидерите на сите 27 земји членки на ЕУ. Забраната за влез ќе трае најмалку 30 дена и ќе се однесува на сите странски посетители, со исклучок на жителите со подолготраен престој, членовите на семејствата на европските граѓани и дипломатите, за здравствените работници и луѓето кои пренесуваат неопходни производи
Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лаен, на прес-конференција изјави дека секоја од земјите треба да ја спроведе оваа мерка за затворање на нивните граници за граѓаните од трети земји.
„Непријателот е вирус и сега треба да сториме се за да го заштитиме нашиот народ и да ги заштитиме нашите економии. Ние сме подготвени да сториме сè што е потребно и нема да се двоумиме да преземеме дополнителни мерки во зависност од тоа како ќе се развива ситуацијата“ изјави фон дер Лаен на синоќешната прес-конференција.
А во текот на вчерашниот ден, уште пред одлуката на ЕУ да се стави во карантин, повеќе земји решија самостојно да ги затворат своите внатрешни границикако дел од мерките за борба против пандемијата на коронавирусот.
