Само за кафе пред работа, Британците трошат по 400 фунти
Кафето за носење годишно, за еден просечен Британец чини околу 400 фунти со што претставува мал луксуз кој жителите на Велика Британија си го дозволуваат секој работен ден. Ова значи дека во текот на животот еден просечен потрошувач издвојува 15.725 фунти за купување на топли напитоци за носење.
Исто така, на секој десетти купувач му е потребна посилна доза на кофеин, па тие за својот омилен напиток трошат околу 30.000 фунти, покажале најновите истражувања кои сепак обелоденуваат и дека високи 70% од 2.000 испитаници тврдат дека оваа година ќе го намалат купивањето на кафе за носење.
Сепак ова го тврдат не поради заштеда, туку поради тоа што голем дел од Британците имаат препорака од доктор да го намалат внесувањето на кофеин во организмот, а друг фактор е популарноста на домашните апарати за кафе.
Слично
