Економија, финансии, бизнис

Контакт

Само во Франција: Поранешната девојка на претседателот стана министерка

Само во Франција: Поранешната девојка на претседателот стана министерка
Нов пресврт во француската претседателска „сапунска опера“. Сеголен Роајал, поранешната партнерка на францускиот претседател Франсоа Оланд, стана министерка во новата француска Влада. Роајал (60), невенчана сопруга и мајка на четирите деца на Оланд со години е на висока позиција во француската Социјалистичка партија, но Оланд не ја именуваше во претходниот Кабинет, наводно заради спротивставувањето од неговата тогашна партнерка Валери Трирвелер, заради која и ја остави Роајал. Подоцна, францускиот претседател се раздели и со Трирвелер, откако медиумите објавија дека е во врска со Жили Гаје. Сега Роајал ќе стане министерка за животна средина во новата Влада, со која Социјалистичката партија се обидува да покаже дека реагира на лошите резултати што ги постигна на француските локални избори. Дел од одговорноста за тешкиот пораз на социјалистите на локалните избори секако е и кај Оланд кој со својот љубовен живот не престанува да ја скандализира француската јавност.
Слично

Поврзани вести