САМО ЕДНО НОЌЕВАЊЕ ЧИНИ 1.770 ДОЛАРИ: Ова се 10-те најскапи дестинации за одмор во светот
FloridaPanhandle.com
ги анализираше трошоците на 100 популарни места за одмор, земајќи ги предвид
просечните цени за сместување, превоз, храна и атракции.
Според анализата, најскапи дестинации за одмор, без трошоците за летови, се Густавија во Сент Бартс, Гштад во Швајцарија, Аспен во Колорадо, Парк Сити во Јута, Мауи на Хаваи, Лондон, островот Какао на Малдивите, Маун во Боцвана, Гранд Кајман и Монте Карло.
На листата доминираат островите и луксузните скијачки градови, иако рамо до рамо со нив може да се е и сафари еко-туризмот, пишува CNBC Travel.
Карипскиот остров Сент Бартс е најскапата дестинација за одмор во светот, пред се поради високите трошоци за сместување, кое во просек чини 1770 долари за ноќ.
За да ги пронајде тие цени, FloridaPanhandle.com ги истражуваше просечните цени за хотелите со четири и пет ѕвезди за божиќните (21-27 декември) и пролетните (19-25 мај) денови.
За да ја процени цената на активностите, FloridaPanhandle.com ја пресмета просечната цена за трите најдобри атракции на секоја локација на TripAdvisor.
Скијачкиот град Парк Сити, Јута, наплаќа во просек по 333 долари за дневни атракции - што го прави најскап на листата.
Атракциите во Маун, Боцвана, единствената африканска дестинација на листата, во просек чинат повеќе од 100 долари на ден. И покрај повисоките вкупни просечни трошоци, атракциите во Сент Бартс и Малдиви беа вреднувани на нула долари. Туристите можеби ќе треба да платат високи цени за хотелите на овие локации, но нивните плажи се бесплатни.
Монте Карло имаше една од најниските просечни цени за атракции на листата.
