Економија, финансии, бизнис

Контакт

Само едно дете го преживеа масакрот во градинка во Тајланд

Само едно дете го преживеа масакрот во градинка во Тајланд

Maсакрот во градинка во Тајланд го преживеа само едно дете. 

Најмалку 37 луѓе беа убиени во масакрот на североистокот во Тајланд, а во детска градинка во Нонг Буа Лампу. Меѓу убиените се и 23 деца. Овој масакр го изврши поранешниот полицаец Паниа Камраб, и тоа под влијание на дрога.

Би-би-си пишува дека преживело само едно дете од сите кои биле во градинката. 
Убиецот  користел ладно и огнено оружје, а децата ги избодел додека спиеле. Додека бегал од градинката, пукал во случајни минувачи. Кога се вратил дома, се убил и себеси, сопругата и детето. Тајландската полиција не дава повеќе детали за масакрот.

Шефот на полицијата рече дека осомничениот во утрото на нападот имал судско рочиште поврзано со обвинение за поседување дрога.

Слично

Поврзани вести