Економија, финансии, бизнис

Контакт

САМО ЕДЕН НОВ СЛУЧАЈ И НОВ ЛОКДАУН: Нов Зеланд се затвора

САМО ЕДЕН НОВ СЛУЧАЈ И НОВ ЛОКДАУН: Нов Зеланд се затвора

Нов Зеланд денеска го пријави својот прв локален случај на „Ковид-19“ за шест месеци, а премиерката Џасинда Ардерн најави ново затворање на земјата.

Министерството за здравство соопшти дека случајот е пријавен во Окленд и дека се уште не е познато дали е увезен.

Локдаунот ќе трае седум дена во Окленд, а три дена во остатокот од земјата.

Последниот случај во Нов Зеланд беше пријавен на 28 февруари, и оттогаш сите случаи на ковид во земјата се евидентирани на границата.

„Цврстиот и ран одговор е најдобрата алатка за спречување на потенцијалното ширење. Секој од Нов Зеланд треба да остане смирен, да биде љубезен и да го стори својот дел додека не собереме повеќе информации за потенцијалниот случај", се вели во соопштението на министерството.

Нов Зеланд, со население од 5 милиони луѓе, регистрираше вкупно 2.570 случаи на вирус и 26 смртни случаи за време на пандемијата.


Слично

Поврзани вести