Само 440 мигранти вратени во Турција
Европа вратила на Турција само 441 илегални имигранти од влегувањето во сила на договорот меѓу Брисел и Анкара на 20 март.
Само 18 од нив се Сиријци, соопшти денеска Европската комисија. Сите тие не поднеле барање за азил во ЕУ и затоа се вратени. Останатите чекаат одлука по барањето за азил во Грција.
Вратените мигранти се главно Авганистанци, Пакистанци и од други народности, за кои Турција се смета за безбедна држава и тие можат да добијат заштита таму или да бидат вратени во своите родни места. Последната група од 51 мигрант е транспортирана на 20 мај.
Во март ЕУ и Турција се согласија за мерките за запирање на миграциската бран кон Европа.
Се очекува утре Европската комисија да предложи и промени во директивата за прием на квалификувани имигранти во ЕУ.
