Економија, финансии, бизнис

Контакт

САМО 20 ПРОЦЕНТИ ИМА ШАНСИ ЗА СЛЕДНА ПОВИРУЛЕНТНА МУТАЦИЈА ОД ОМИКРОН: Директорот на Модерна со став-блиску сме до последните фази на пандемијата

САМО 20 ПРОЦЕНТИ ИМА ШАНСИ ЗА СЛЕДНА ПОВИРУЛЕНТНА МУТАЦИЈА ОД ОМИКРОН: Директорот на Модерна со став-блиску сме до последните фази на пандемијата

Извршниот директор на Модерна Стефан Бансел рече дека е „разумно“ да се претпостави дека можеби се приближуваме до последните фази на пандемијата.

„Мислам дека има 80% шанси дека како што еволуира омикрон или вирусот SarsCov-2, ќе гледаме сè помалку вирулентни вируси“, рече тој за „Squawk Box Asia“ на CNBC. Тој рече дека има уште едно „20% сценарио каде што гледаме следна мутација, која е повирулентна од омикрон“.

„Мислам дека имавме среќа  што омикрон не беше многу вирулентен, но сепак за жал, се уште гледаме илјадници луѓе умираат секој ден низ планетата поради омикрон“, рече тој.

Според Светската здравствена организација, во последните седум дена се пријавени 15,47 милиони нови случаи ширум светот, и 73.162 смртни случаи во истиот период.

варијантите најверојатно ќе се појават бидејќи омикрон брзо се шири низ целиот свет.


Слично

Поврзани вести