„Само“ 1500 евра за да се преживее месецот!
Французите сметаат дека им се потребни минимални 1490 евра месечно за живот во нивната земја. Според анкетата, што ја спроведе истражувачкиот институт БВА, оваа сума е зголемена за 75 евра во однос на резултатот од анкетата од 2008 година.
Резултатите варираат во зависност од приходите на испитаниците и професионалниот ангажман. Па така, кадрите кои се на раководечки функции и слободни професии, наведуваат дека за живот минимално е потребно 1560 евра месечно, додека членовите на домаќинствата со ниски приходи сметаат дека е може да се помине и со 1410 евра.
Оценката на неопходните минимални примања зависи и од местото на живеење - жителите на главниот град Париз наведуваат сума од 1620 евра, а во општините со помалку од 20 илјади жители и сумите се значително пониски - 143о евра.
Според податоците од Националниот институт за статистика, средната месечна заработка во 2011 во Франција била 1630 евра, но 8,7 милиони Французи живееле со помалку од 977 евра месечно, што значи на граница на сиромаштија.
Ова истражување кое се прави секоја година, покажало дека во Франција се повеќе се истакнуваат социјалните разлики. Дури девет од десет граѓани оценуваат дека социјалната нееднаквост е зголемена за последните пет години.
Слично
