Самитот посветен на Западен Балкан ќе се одржи во јули во Лондон
Според изјавите на координатор при британското МНР за престојниот Самит за Западен Балкан, Ендру Пејџ, следниот Самит, во рамки на Берлинскиот процес, ќе биде одржан на 9 и 10 јули во Лондон, а една од главните теми ќе биде помош при дигиталната трансформација. Тој истакна дека Велика Британија и покрај Брегзит, сака да остане посветена на регионот Западен Балкан.
„Приоритети ќе бидат економската стабилност, поврзаноста на земјите во ргеионот, натамошен развој на инфраструктура – патишта, железница, помош при дигиталната трансформација и претприемништвото меѓу младите“, истакна Пејџ.
Пејџ потенцираше дека во изминатите години е направен голем напредок и потсети дека во Траст е потпишан Акциски план за заедничко економско подрачје во регионот, со цел унапредување на трговијата и инвестиции на Западен Балкан.
