Економија, финансии, бизнис

Контакт

Самитот на Г-8 во Северна Ирска под засилено обезбедување

Самитот на Г-8 во Северна Ирска под засилено обезбедување
Активирање на трговијата, собирање даноци и постигнување поголема транспарентност се главните теми во дневниот ред на дводневниот самит на лидерите на земјите од Г-8, кој ќе се одржи во летувалиште крај езерото Лох Арн, во Северна Ирска. Средбата на врвот на Г-8, ќе биде обезбедувано од над 10.000 полицајци, војници, припадници на две приватни агенции за обезбедување, како и од беспилотни авиони. Во летувалиште крај езерото Лох Ар ќе бидат распоредени 7.000 припадници на северноирската полиција, а кон нив ќе бидат додадени 3,600 британски полицајци и војници од други региони на земјата. Според податоци на британските медиуми, лидерите на земјите од Големата осумка ќе бидат чувани и од тимови на специјалните служби и специјалните единици од нивните земји. Освен тоа, на небото ќе кружат два беспилотни авиони, што ќе прават видеоснимки на локалитетот, за да може полицијата да ја следи ситуацијата во реално време. Во луксузниот голф клуб крај езерото Лох Арн, Г-8, во која влегуваат седумте развиени индустриски земји: Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и САД, плус Русија и ЕУ, ќе ги разгледа главните прашања што ги вознемируваат лидерите уште од финансиската криза 2007-2008 година. Светските лидери уште ќе разгледаат серија меѓународни теми, меѓу кои и конфликтот во Сирија. Г-8 долго време е форум за либерализирање на трговијата и средбата во Лох Арн нема да биде исклучок. Долго развлекуваната трговска спогодба меѓу САД и ЕУ ќе биде важна тема на самитот на Г-8. Стотици милијарди неевидентирани налози секоја година се губат преку криењето доходи во даночните раеви и овој проблем ќе биде, исто така, во центарот на вниманието на Г-8.    
Слично

Поврзани вести