Економија, финансии, бизнис

Контакт

Самит во сенка на Украина и џихадот

Самит во сенка на Украина и џихадот

Шефови на државите и владите на Европската унија денеска попладне ќе се состанат во Брисел за да најдат одговор на заострувањето на украинската криза и заканата од џихадистите во Ирак и Сирија.

Како што во повикувачкото писмо најави претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпеј, лидерите најпрво ќе одлучуваат за номинациите за наследник на Ван Ромпеј и шефицата на дипломатијата Кетрин Ештон, на кои на крајот на оваа година им истекува петгодишниот мандат.

Веднаш после тоа, Ештон ќе претседава со дебата за состојбата во Украина и растечката закана пд џихадистите на Исламската држава кои последните недели завземаа големи делови од Ирак и Сирија.

Во четвртокот челниците на НАТО, Соединетите држави и неколку европски држави ја обвинија Русија дека отворено се вклучила во судирите во Украина и пратила војска во помош на проруските сили во таа земја.
Иако рускиот претседател Владимир Путин ги демантира овие обвинувања, на дневен ред ќе се најде список со нови санкции против Русија, кои би можеле да опфтат и проширување на европската „црна листа“ поединци и фирми на кои им е забранета соработка во земјите на Унијата.
Лидерите на 28 членки ќе разговараат и за праќње на воена помош на ирачките Курди, кои се најдоа на удар на џихадистите на самопрогласената исламска држава.
Како што пишува британска штампа, премиерот Дејвид Камерон ќе предложи низа мерки за оттргнување на опасноста од припадниците на ИСИЛ, меѓу кои има неколку илјади доброволци од европските земји и го пренесуваат џихадот на територијата на ЕУ.
Тие мерки, би требало, како што се наведува да вклучат тесна соработка меѓу европските безбедносни служби, да ја зајакнат контролата на патниците на аероддромите и испораката на модерна опрема за контрола на границата на Турција, преку која европските исламисти најчесто патуваат во Сирија и Ирак.
Слично

Поврзани вести