САМИТ НАТО: Обама и Камерон ќе бараат поддршка за борба против ИСИЛ
Американскиот претседател Барак Обама и британскиот премиер Дејвид Камерон разговараа денеска пред почетокот на НАТО самитот во Велс. Двајцата упатија апел до Алијансата за заедничка акција против радикалната Исламска држава, која зазема територии од Ирак и Сирија.
Oбама и Камерон бараат од НАТО да се откаже од „изолационистичките импулси“ и да и се спротивстави на растечката терористичка закана на Блискиот Исток.
„САД и Велика Британија нема да бидат заплашени од варварски убијци. Нема да се поколебаме во нашата намера да се соочиме со милитантната група позната како ИСИЛ. Ако терористите мислат дека ќе попуштиме пред нивните закани, тие многу грешат“, истакнаа двајцата лидери во заедничка колумна.
Растечката закана од ИСИЛ, заедно со ситуацијата во Украиан и односите со Русија се главни теми на дводневниот самит на НАТО што започна денеска во Велс.
Слично
