Самарас: Кипарските проблеми влијаат врз грчката економија
Проблемите со кипарската економија директно влијаат врз Грција, изјави грчкиот премиер Антонис Самарас кој најави дека традиционалните сојузници ќе ја координираат својата политика во пресрет на самитот на еврозоната кон крајот на неделата.
„Нашите односи со Кипар се братски и тоа не треба да се заборави. Актуелната економска ситуација на Кипар директно ја засега Грција“, изјави Самарас по состанокот со новоизбраниот кипарски претседател Никос Анастасијадис.
Инаку во рамки на пакетот помош договорен минатата година, долгот на Грција кон приватните кредитори, од кои дел и кипарските банки беше делумно опростен.
Администрацијата на новиот кипарски претседател Анастасијадис, побара ова да биде земено во предвид во текот на преговорите со меѓународните кредитори за добивање пакет финансиска помош.
Слично
