Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сакате да сте државјанин на Малта? – Отсега тоа можете да го купите

Сакате да сте државјанин на Малта? – Отсега тоа можете да го купите
Парламентот на Малта донесе одлука со која граѓани на држави кои не се членки на Европската унија во иднина ќе може да купат државјанство на таа држава за 650.000 евра. Премиерот Џозеф Маскат образложи дека проектот има за цел да придонесе приходи во државата со што би се привлекле потенцијални богати инвеститори. Според негови проценки, државата би заработила 30 милиони евра во првата година – под претпоставка дека 45 луѓе би купиле државјанство на Малта. Малта е членка на ЕУ, на Шенген и има безвизен договор со САД. Експерти предвидуваат дека годишно меѓу 200 и 300 луѓе ќе аплицираат за државјанство на Малта. Опозицијата се спротистави тврдејќи дека со тие потези Малта може да стане држава на даночен рај.
Слично

Поврзани вести