Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сакате да работите кај нас? Шкорпии и девици се непожелни

Сакате да работите кај нас? Шкорпии и девици се непожелни
Една кинеска компанија проценила дека  луѓето родени во знаците на Шкорпија и Девица  се премногу критични и затоа не се пожелни да  аплицираат за работа во нивната фирма , додека, јарците , рибите и вагите се добредојдени. Овој необичен оглас кој бил поставен на огласната табла на универзитетот во Вухуан,  предизвикал бурни реакции во јавноста. Локалните медиуми ја пренесоа изјавата на вработените во компанијата кои соопштија дека  спровеле истржување   и откриле дека Шкорпиите имаат силен карактер ,  додека  лицата родени во знакот на Девица се премногу критички настроени и дека не се задржуваат подолго на една работа. Жена претставена како Ксија изјавила –„вработив лица кои се родени во тие два знака и тие, или се караа со колегите или не можеа да останат на работа подолг временски период. Но ова , не е прв случај  хороскопот да влијае на работодавците. Во истиот град, студентка , родена во знакот на Рак ,била одбиена за работа во фирма која организирала свадби ,бидејки „ Водолиите и Шкорпиите‘‘ биле попогодни за оваа работа.  
Слично

Поврзани вести