Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сакаше да запали автобус со деца за одмазда, момче ги спаси

Сакаше да запали автобус со деца за одмазда, момче ги спаси

Возач на училишен автобус од Сенегал утрово сакал да ги запали децата заедно со автобусот, но во тоа го спречил 13 годишниот Рами Шехата.

Кога Сенагалецот решил да ги запали автобусот внатре имало 51 дете. Рами ги спасил сите своите соученици, при што 23 имале само полесни повреди, како модринки при бегањето и вдишан чад.

Возачот на школски автобус утрово им кажал на децата на возраст од околу 12 години дека нема да ги носи на училиште и нагло свртел од патот.  Полицијата го следела, го стигнала, и тој им се заканил на децата дека ќе ги запали заедно со автобусот.

Рами се снашол така што го скрил својот мобилен иако сите морале да му ги дадат на Сенегалецот. Потоа се преправал дека се моли на арапски, а всушност му се јавил на татко му и му кажал што се случува. Таткото по потекло од Египет, веднаш ја алармирал полицијата  која навреме реагирала.

На Сенегалецот му се заканува казна за обид за масовно убиство, а изјавил дека сакал да им се одмазди на децата за мигрантите – жртви во Средоземното Море.

Слично

Поврзани вести