Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Сакаме во Италија, не на Кипар!“

„Сакаме во Италија, не на Кипар!“
Над 300 илегални имигранти, повеќето од Сирија, кои едвај беа спасени од давење во близина на Кипар, по повеќечасовно убедување едвај прифатија да се симнат на островот. Вкупно 345 мигранти, најмногу жени и деца, кои биле спасени од луксузен брод за крстарење, претходно барале да бидат префрлени во Италија. Мигрантите биле спасени додека со мал рибарски брод се обидувале да се префрлат во Западна Европа. Меѓу нив имало и 52 деца, а здравствената состојба на сите спасени е добра. Луксузниот брод ги префрлил до пристаништето Лимасол на Кипар, каде се симнале 700 патници кои поседувале билет, но не и сириските бегалци. Директорот на бродската линија „Саламис“ Кикис Василу рекол дека мигрантите инсистираат да бидат однесени во Италија каде сакале да побараат азил. Било потребно повеќечасовно убедување за мигрантите да го напуштат бродот и да прифатат да бидат префрлени во камп, во близина на Никозија. Руските патници кои требало да го продолжат крстарењето до Хаифа во Израел биле сместени во хотел во Лимасол, затоа што бродот не можел да го продолжи патувањето. Бродската компанија се пожали дека спасувањето на мигрантите ги чини загуби од стотици илјади евра.  
Слично

Поврзани вести