Сакал да ја избегне гужвата возејќи преку трамвајските шини, но не поминал добро: Погледнете ја сцената (ВИДЕО)
Гумите не издржале и останале заглавени меѓу шините на
трамвајот
Веројатно и самите сте биле сведоци на арогантно однесување на возачите, најчесто во скапи автомобили, кои на разни нелегални начини се пробиваат низ редиците. Слично сценарио се случи и на улиците во Истанбул кога возач на Ренџ Ровер решил да го заобиколи сообраќајниот метеж.
Тој возел од населбата Каракој во Еминон и како што покажуваат видеата, решил набрзина да помине низ трамвајската линија за што побрзо да стигне до својата дестинација. Притоа локалната сообраќајна полициска патрола воопшто не го исплашила, пишуваат турските медиуми.
Притиснал на педалото за гас, но не стигнал многу далеку. Гумата не ги издржала напорите за кои не е дизајнирана, а тој останал заглавен меѓу шините. Возилото едноставно е премногу широко за да помине.
Сопственикот потоа се обидел да се извлече од крајно непријатната ситуација во која се нашол возејќи наназад, но не успеал. Трамваите морале да застанат во двата правци, а набрзо се собрале многу љубопитни луѓе.
На крајот пристигнал шлеперот, а конечно се појавила и полицијата. Сопственикот се изморил од целата оваа ситуација, па воланот го предал на други служби, а времето, според сведоците, го поминал седејќи во автомобилот со пијалаци и пецива.
Бил алкотестиран, возилото е превземено од шлеп службата, а сообраќајот со трамвај е вратен во употреба по темелен преглед на шините.
Не е познато колкава казна добил овој арогантен возач.
Фото и Видео: Youtube
