Сакаат да јадат само среќни свињи
Се поголем е бројот на потрошувачи кои бараат свинско од свињи кои имале среќен живот или барем „поднослив“ пред нивното завршување на чинија.
Како што пренесува Њујорк тајмс, големите компании, како Мекдоналдс, се вклучуваат во оваа акција и преземаат чекори со цел свињите да имаат што подобри услови во текот на одгледувањето. Тоа подразбира изведување на свињите на пасишта, бидејќи животните на зелени површини се посреќни.
Бројот на оние кои одгледуваат свињи на пасишта постојано расте, но сепак има уште многу препреки помеѓу пасиштата и пазарите за мали производители, недостигаат кланици, а и повисока е цената на тоа свинско.
Меѓутоа, постојат групи кои се подготвени да ги координираат понудата и побарувачката со цел да ја олеснат работата на малите производители.
„Ние се обидуваме на ги едуцираме купувачите и земјоделците меѓусебно“, вели шефот на Здружението за одгледување на природна храна од Северна Каролина кој претставува околу 30 мали претпријатија.
„Купувачите мора да сфатат дека ние не сме Волмарт кој има готови ребренца и само чекаме на нив, од друга страна моите фармери мора да сфатат дека нам ни треба стабилна и постојана понуда на свињи“.
А.А.
Слично
