Сајбер криминалците се поопасни, секој е мета
Нови извештаи кои говорат за најновите адаптирани и унапредени напади врз личните податоци за кои и компаниите и приватните корисници на електронски уреди треба да бидат подготвени.

Ако ги разгледаме извештаите од нападите на сајбер криминалците врз личните податоци на луѓето од минатите години, ќе го сфатиме брзиот развој, односно еволуцијата на малверот (малициозен софтвер). Всушност, малициозните софтвери се појавуваат секојдневно и продолжуваат да се провлекуваат понатаму, креирајќи одржливи трендови со зачестена фрекфенција.

Тренд # 1: Инфекциите се шират и „без кликање“
Нападите целосно ја заобиколуваат интеракцијата со корисниците благодарение на употребата на алатка за далечинско управување (EternalBlue) и RDP протокол.
Тренд # 2: Се повеќе и повеќе напаѓачи „живеат надвор од достапноста“
На овој начин напаѓачите избегнуваат откривање на злоупотреба со легитимни системски алатки и процеси, наместо да ги отфрлаат злонамерни фајлови и датотеки на дискот, како што правеа во минатото.
Тренд # 3: Тројаните и црвите имаат способност одново да оживеат
Тројаните сега се така дизајнирани да им помогнат на инфекциите да се шират подалеку и побрзо.

Оддтука, имајќи ги предвид трендовите, воопшто не е невообичаено напредните алатки развиени од групи кои имаат малициозни намери да тргнат во погрешен правец кога ќе паднат во рацете на просечни сајбер-криминалци кои ги адаптираат така да можат да постигнат поголема распространетост.
Во текот на 2017 година, забележана е зголемена фрекфенција на користење на RDP протоколот и со користење на различни комбинации на нови тактики, напаѓачите создаваат инфекции кои се потешки за блокирање, откривање и задржување. Корисниците треба да се осигураат дека нивната безбедност е во чекор со овие еволуции на малициозниот софтвер, а првиот чекор е да се запознаат со нив подетално. Сепак, најважно е дека треба да размислуваат за решение кое што нуди заштита од сè позачестените интернет закани.
