САФАРИ ВО АФРИКА? Не благодарам!
Детски сон, животна желба или можеби промена која ви недостасува. Патувањето на сафари отсекогаш се поврзува со Африка. Качени на џип патувате по огромниот отворен простор, а околу вас кружат егзотични животни кои дотогаш сте ги виделе само во зараобеништво зад решетките на зоолошките градини во големите градовите.
Зарем постои некој кој не би сакал да замине на сафари? Да има можност одблизу да ги види дивите ѕверови, ама вистина диви, родени на слободата и израснати според правилата на динивината? Можеби до пред неколку месеци одговорот ќе беше – Нема, но денеска не така. Овој вносен бизнис полека згаснува и тоа само поради една заразна болест.
Туристичките патувања за сафари во Африка се на пат да постигнат историски врв во 2014 година. Индустријата веќе го чувствува проблемот, поврзан со ширењето на болеста Ебола на континентот.
Повеќе од фирмите кои организираат сафари, ги имаат во предвид намалувањата на резервациите за 2015 година, со меѓу 20 и 70 отсто. Главните сафари дестинации се во јужниот и источниот дел на Африка, т.е. далеку од регионите со ширење на болеста во оваа фаза.
Коментарите на аналитичарите се дека многу од клиентите на компаниите за организирање на сафари ја прифаќаат Африка како обединета држава и оценуваат дека постои сериозен ризик од Ебола.
"Повеќето луѓе не сфаќаат дека Источна и Јужна Африка се толку далеку од местата со Ебола, како што е Европа од Јужна Америка", вели еден од основачите на сајт за резервации на сафари патување Вутер Вергеер.
Според неговите зборови сите земји во кои се организираат сафари, презеле строги мерки против болеста и ризикот во оваа фаза е минимален.
За оваа година нема голем број откажани патувања, бидејќи сафари се организира со месеци порано и се бара аванс, коментираат аналитичарите.
К.К.
Според неговите зборови сите земји во кои се организираат сафари, презеле строги мерки против болеста и ризикот во оваа фаза е минимален.
За оваа година нема голем број откажани патувања, бидејќи сафари се организира со месеци порано и се бара аванс, коментираат аналитичарите.
К.К.
Слично
