САДИК КАН: Велика Битанија е далеку од укинување на карантинот
Забраните кои се воведени со цел спречување
на ширењето на епидемијата нема да се укинуваат ниту во наредните две недели во
Велика Британија. Информацијата ја соопшти градоначалникот на Лондон, Садик Кан,
кој истакна дека кон крајот на април во земјата се очекува пикот на заразата.
-Далеку сме до укинување на карантинот. Пикот на заразата, кој е најлошата фаза, во Велика Британија го очекуваме во втората половина на април, изјави Кан.
А британскиот премиер Борис Џонсон и денеска останува во болница на интензивното одделение, иако медиумите пишуваат дека не е на респиратор, неговата состојба за сега не дозволува да биде отпуштен од болница
Слично
