Економија, финансии, бизнис

Контакт

САД затвора 15 воени бази во Европа!

САД затвора 15 воени бази во Европа!

САД ќе затвори 15 воени бази ширум Европа, што на Пентагон ќе му заштеди околу 500 милиона долари годишно, изјавил Чак Хејгел, пренесува Би-Би-Си.

Многу воени бази кои ќе бидат затворени се „мали бази кои биле остатоци од Студената војна“ и стационирани се претежно во Велика Британија и Португалија, а се однесуваат на припадниците на американските копнени сили во Европа.

САД, во моментов има повеќе од 60.000 свои војници стационирани во Европа, воглавно во Германија, Италија и Велика Британија и нивниот број ќе остане ист бидејќи  Вашингтон планира да ги „ротира“ внатре во Европа и да ги вклучи во програмите за обука, наведува Би-Би-Си.

Американскиот секретар наведува дека целта е да се зголеми ефикасноста на американското воено присуство во Европа и доаѓа после тежнеењето на Вашингтон да го пренасочи вниманието кон Азија.

Слично

Поврзани вести