САД загуби авион за полнење гориво над Ирак
Американски авион за полнење гориво беше изгубен за време на воените операции против Иран, соопшти Централната команда на САД. Леталото паднало во Ирак, а официјални извори тврдат дека се работи за инцидент.
- Централната команда на САД е свесна за губењето на американскиот авион за полнење гориво KC-135. Инцидентот се случил во пријателски воздушен простор за време на операцијата „Епски бес“, а спасувачките операции се во тек. Во инцидентот учествувале два авиона. Едниот авион се урна во западен Ирак, додека другиот слета безбедно, се вели во соопштението.
Тие додадоа дека Боингот KC-135 Стратотанкер „не бил изгубен од непријателски или пријателски оган“.
Слично
