САД: За само една недела регистриани нови 78 случаи на мали сипаници
Ширењето на вирусот морбили во САД е на највисоко ниво во изминатите 25 години. Земјата превзема драстични мерки против малите сипаници.
Од почетокот на оваа година, 704 лица биле дијагностицирани, од кои најголемиот дел од заболените биле невакцинирани деца. Само во изминатата недела имало регистрирано нови 78 нови случаи, соопштуваат здравствените власти во САД,пренесуваат европските медиуми.
Најмалку 40 лица од регистрираните случаи на мали сипаници во 2019 година, се случаи кои се вратиле со морбили по патување во странство. Најчестите извори на болеста според властите се од патувања на американци кои ги посетиле Украина, Израел и Филипините.Повеќето од невакцинираните
лица се православни Евреи кои одбиваат имунизација поради верските убедувања.
Во обид да се спречи заразата, властите во Њујорк ги затворија училиштата и
изрекуваат парични казни.
Слично
