Економија, финансии, бизнис

Контакт

САД воведоа санкции за палестинските функционери

САД воведоа санкции за палестинските функционери

Соединетите Американски Држави воведоа санкции за Палестинската самоуправа и за Организацијата за ослободување на Палестина (ПЛО). Како објаснување, денеска Стејт департментот во Вашингтон, соопшти дека двете организации продолжуваат да го поддржуваат „тероризмот“ преку поттикнување насилство и исплата на пари на палестинските терористи и нивните семејства.

Според министерството, санкциите се состојат во неиздавање на американски визи за членовите на Палестинската самоуправа и на ПЛО.

Стејт департментот на САД, исто така, ја критикуваше Палестинската самоуправа, со седиште во Рамалах на Западниот Брег, која го „интернационализира“ својот конфликт со Израел преку вклучување на Меѓународниот кривичен суд и Меѓународниот суд на правдата.

Но, за многу западни влади, Палестинската самоуправа и нејзиниот претседател Махмуд Абас се важни соговорници. Абас е претседател на ПЛО. Абас и организациите што ги води се во ривалски однос со радикално-исламистичката палестинска организација Хамас, која на 7 октомври во 2023 година изврши напад на Израел. 

Франција, а потоа и други земји најавија дека планираат да ја признаат Палестина. Ова не им се допадна на САД и Израел. 

Слично

Поврзани вести