Економија, финансии, бизнис

Контакт

САД воведоа нови санкции против Иран поради балистичката програма

САД воведоа нови санкции против Иран поради балистичката програма

САД воведоа нови санкции против 11 компании и поединци поврзани со програмата за балистички ракети на Иран во неделата - само ден откако земјата ги укина нуклеарните санкции кои сериозно ја запираа иранската економија, објави „Financial Times“.

Соопштението на министерството за финансии, кое влијае на компании во Хонг Конг и Обединетите Арапски Емирати, како и ирански поединци, дојде само неколку часа откако четворица Американци, затворени во Иран, ја напуштија земјата како дел од исклучително чувствителна размена на затвореници.

Американската администрација беше поставена под сериозен притисок во последните недели од страна на републиканците и некои демократи во Конгресот, кои сакаа да бидат наметнати некакви санкции врз Иран поради два теста на балистички ракети, спроведени минатата година.

„Балистичката програма на Иран е значителна закана за регионалната и глобалната безбедност и ќе продолжи да биде предмет на меѓународни санкции“, изјави Адам Шубин кој ги извршува активностите како помошник-секретар за тероризам и финансиско разузнавање во Министерството за финансии на САД.

„Јасно изјавивме дека САД енергично ќе воведат санкции против иранските активности надвор од заедничкиот сеопфатен план за акција [нуклеарен договор] - вклучувајќи ги и оние поврзани со поддршка на Иран врз тероризмот, регионалната дестабилизација, кршењето на човековите права и програмата со балистички проектили“.

За време на говорот на националната телевизија за конференцијата во неделата Хасан Рухани, претседател на Иран, изјавил дека секое прекршување од САД на нуклеарниот договор, наметнување нови санкции, ќе доведе до одговор од страна на Иран, без да дава дополнителни детали.

„Ако навистина наметнат санкции во [ненуклеарните] полиња, тие ќе добијат реципрочен одговор од страна на Иран“, изјавил тој пред новинарите. „Но условите во иднина не се услови под кои можат повторно да бидат наметнати претходните санкции. Сепак може да се соочиме со познати тешкотии“.

Како резултат на нуклеарниот договор со Иран, што беше целосно применет овој викенд, САД отргна серија санкции против економијата поврзани со нуклеарната програма на Иран. Висок американски претставник на САД изјавил во саботата дека 400 ирански имиња беа отстранети од листата како резултат на нуклеарниот договор.

Според американските претставници Иран спровел балистички тестови во октомври и ноември, што беше во спротивност со резолуциите на ОН. 11-те нови лица кои се додадени на листата со санкции се обвинети дека се вмешани во набавка на материјали за балистичката програма на Иран.

Американските средства на правните и физичките лица во листата се замрзнати, а лицата имаат забрана за водење бизнис со Американци.

Слично

Поврзани вести