Економија, финансии, бизнис

Контакт

САД во криза, Американец без пари го чисти споменикот на Линколн

САД во криза, Американец без пари го чисти споменикот на Линколн
Две недели по почетокот на буџетската криза во САД, 45 -годишен уметник одлучи да ги преземе работите во свои раце , пишуваат американските медиуми. Имено Крис Кокс одлучи дека нема да остави споменикот на Линколн во Вашингтон да се дави во нечистотија и почнал да чисти околу него , носејќи го знамето на САД. Тој чистел пред споменикот , а откако ја завршил со оваа задача , ги отстранил и паднатите  дрва на пешачката патека во National Mal. Работата што ја право Кокс во нормални услови ја  вршат државните службеници во Националниот парк во САД , но бидејќи сега тие се на принуден одмор нема кој да ги чисти спомениците. Според зборовите на волонтерот , на почетокот полицијата немала ништо против , но потоа му ги побарале документите. Униформираните лица, вели тој биле груби и инсистирале да си ги собере работите и да си замине . Според полицијата Кокс бил премногу опасен поради бензинот во косилката за тревата , со кој можел да се самозапали , како што тоа се случи пред неколку дена со друг маж . Единствено што волонтерот сакал да направи сепак, е да го исчисти споменикот за походот на ветераните , закажан за 13 октомври.
Слично

Поврзани вести