Економија, финансии, бизнис

Контакт

САД вети дека ќе изгради над 110 воени објекти во Полска

САД вети дека ќе изгради над 110 воени објекти во Полска

САД ќе изградат повеќе од 110 воени објекти во Полска. Во Повиџа, каде е стациониран американски баталјон, денеска почна изградбата на складиште за оружје.

Американскиот амбасадор во Варшава, Марек Бжежински најави дека САД во следните десет години ќе го реализираат овој план. 

„Денешната церемонија на поставување на камен-темелник е само една од осумте објекти што ќе бидат изградени ова лето. Повеќе од 110 такви објекти се планирани за следните 10 години. Сето ова значително ќе ја подобри нашата воена готовност. Тоа ќе бидат објекти како што се центри за обука, мензи, касарни и други објекти“, рече Бжежински.

Полските власти претходно признаа дека се плашат дека Русија ќе ги нападне, но велат се спремни да се бранат. Откако Русија на 24 февруари ја нападна Украина, во Полска скокна бројот на луѓе кои сакаат да служат воен рок. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести