Економија, финансии, бизнис

Контакт

САД веднаш да го ослободат Мадуро, бара Кина

САД веднаш да го ослободат Мадуро, бара Кина

Кина бара САД веднаш да го ослободат венецуелскиот претседател Николас Мадуро, да ја решат ситуацијата преку дијалог, а не преку сила. 

Во официјално соопштение објавено на веб-страницата на министерството, Пекинг изрази „сериозна загриженост“ поради акцијата на американските сили кои насилно ги приведоа претседателот Мадуро и неговата сопруга на 3 јануари и ги однесоа во САД.

Портпаролот на кинеското министерство рече дека чинот претставува јасно кршење на меѓународното право, основните норми на меѓународните односи и целите и принципите на Повелбата на Обединетите нации.

„Кина ги повикува САД да ја обезбедат личната безбедност на претседателот Мадуро и неговата сопруга, веднаш да ги ослободат, да престанат со соборувањето на венецуелската влада и да ги решат проблемите преку дијалог и преговори“, се вели во соопштението.

Драматичните настани се случија само неколку часа откако Мадуро прими висок кинески функционер во претседателската палата Мирафлорес во Каракас. Тој се сретна со Ку Сјаоки, специјалниот претставник на кинеската влада за латиноамерикански прашања, во петокот.

Само 24 часа подоцна, Мадуро беше во притвор во САД.

Поранешната потпретседателка на Соединетите Американски Држави(САД), Камала Харис, остро го осуди нападот врз Венецуела и апсењето на претседателот на земјата, Николас Мадуро.

Харис изјави дека дејствијата на Трамп во Венецуела не ја прават Америка побезбедна, посилна или подостапна.

Колумбија синоќа распореди тенкови и војници за да ја чуваат границата со Венецуела по американската воена интервенција во Каракас.

Слично

Поврзани вести