Економија, финансии, бизнис

Контакт

САД: Убиен напаѓачот на Трамп, загина уште едно лице од митингот

САД: Убиен напаѓачот на Трамп, загина уште едно лице од митингот

Кабинетот на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп денеска соопшти дека поранешниот претседател е „добро“ откако беше изнесен од бината на митинг во Батлер, Пенсилванија, додека одекнуваа истрели.

„Претседателот Трамп им се заблагодарува на органите на редот и на првите реагирачи за нивната брза акција за време на овој грозоморен чин“, рече портпаролот на Трап, Стивен Чунг во соопштението.

Тој додаде дека Трамп е добро и неговата здравствена ситуација се следи во локална медицинска установа, пренесува АП. Тајната служба во соопштение наведе дека „поранешниот претседател е безбеден“. Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Џо Бајден бил информиран за инцидентот.

Трамп беше однесен од бината на предизборен митинг во Батлер, Пенсилванија, откако падна на земја среде она што звучеше како истрели од огнено оружје и врисоци.

Лицето осомничено дека пукало во републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп на митинг во Пенсилванија е убиено, а во инцидентот е убиено и едно лице од публиката, изјави денеска за АП окружниот обвинител на округот Батлер.

Како што изјави, освен двајцата загинати, едно лице е во критична состојба.

Во исто време, повеќе извори од безбедносните служби за Си-Ен-Ен изјавија дека лицето кое пукало на собирот е „неутрализирано“.

Поранешниот американски претседател потврди дека бил застрелан на републикански митинг во Пенсилванија и рекол дека куршумот го погодил во горниот дел од десното уво.

Трамп им се заблагодари на американската тајна служба и на органите на редот за нивниот „брз одговор“ и изрази сочувство „на семејството на убиениот на митингот, како и на семејството на другото лице кое беше тешко повредено“.

„Неверојатно е дека таков чин може да се случи во нашата земја. Засега ништо не се знае за напаѓачот, кој сега е мртов“, рече тој, пренесе Си-Ен-Ен.

„За време на кампањата на поранешниот претседател Трамп во Батлер, Пенсилванија, на 13 јули околу 18:15 часот, осомничениот за пукањето испукал неколку истрели кон бината надвор од кругот од митингот“, се вели во соопштението на Тајната служба. .

Припадниците на Тајната служба „го неутрализирале напаѓачот, кој сега е мртов“, се додава во соопштението.

„Американската тајна служба брзо одговори со заштитни мерки и поранешниот претседател Трамп е безбеден. Еден човек од публиката е убиен, а уште две лица се критично повредени“, се вели во соопштението.

Инцидентот е под истрага и Тајната служба го известила ФБИ за инцидентот, изјави портпаролот на службата Ентони Гуглиелми. Пукањето на предизборниот митинг се истражува како обид за убиство на Трамп

Американскиот претседател Џозеф Бајден го осуди пукањето на митингот и рече дека „во Америка нема место за вакво насилство“.

„Тоа е болно, тоа е една од причините зошто мораме да ја обединиме оваа земја. Не смееме да дозволиме тоа да се случи“, рече Бајден.

Слично

Поврзани вести