САД тврди дека собориле ирански дрон
Американските Соединети Држави тврдат дека собориле иранско беспилотно летално. Претседателот Доналд Трамп, изјави дека американски разорувач соборил еден ирански дрон во Ормутскиот Теснец меѓу Оман и Иран, кој го спојува Персискиот со Оманскиот Залив.
Американскиот претседател изјави дека се работи за уште една непријателска акција од страна на Иран и ги повика останатите земји да ги осудат, Трамп тврди дека дронот е соборен во одбранбена акција, откако беспилотното летало се доближило на помалку од еден километар до американскиот разорувач „Боксер“ и не одговарало на повиците за да се повлече.
Инаку, Иран негира дека тоа се случило.
Слично
