Економија, финансии, бизнис

Контакт

САД: Тројца мртви по пукање на паркинг во црква

САД: Тројца мртви по пукање на паркинг во црква

Маж со пиштол уби две жени на паркинг на црква во американската сојузна држава Ајова, а потоа се самоуби, додека во друго пукање, на гробишта во државата Висконсин, две лица се ранети, пренесува Танјуг, повикувајќи се на Ројтерс.

Пукањето во Ајова се случило во четвртокот, пред црквата Корнерстоун источно од градот Ејмс, додека траела богослужбата. Кога полицијата пристигнала на местото на настанот, пронашла тројца мртви, соопшти канцеларијата на шерифот.

Во меѓувреме, во второто пукање, исто така во четвртокот, две лица беа ранети на гробишта во Расин, Висконсин, кога напаѓач испукал повеќе истрели кон луѓето кои присуствувале на погреб, соопшти полицијата.

Повик на Бајден во Конгресот

Едната жртва била пренесена во локална болница и пуштена на домашно лекување, а другата со сериозни повреди е префрлена во болница во Милвоки, потврдил полициски функционер, истакнувајќи дека сѐ уште трага по напаѓачот.

Соединетите држави беа потресени во последните недели од масовни пукотници во кои загинаа 10 Афроамериканци во северниот дел на Њујорк, 19 деца и двајца учители во Тексас и двајца лекари, рецепционер и пациент во Оклахома.

Американскиот претседател Џо Бајден го повика Конгресот да го забрани офанзивното оружје, да ги заостри процедурите за лиценцирање и да спроведе други мерки за контрола на оружјето за да се реши проблемот со масовните престрелки, јавува Ројтерс.


Слично

Поврзани вести