САД: Тошоците за евентуалните напади врз Сирија не би биле високи
Трошоците за евентуален напад врз Сирија не би биле исклучителни, изјави командантот на американската морнарица, адммирал Џонатан Гринерт.
Изјавата ја потврдува проценката на Чак Хејгел, шеф на Пентагон кој рече пред пратениците дека нападите би чинеле “десетици милиони долари“.
Воените бродови и подморници опремени со проектили Томахавк би требало да имаат главна улога во нападите врз Сирија. Гринерт наведе дека една ракета Томахавк чини околу 1,5 милиони долари, а трошоците за државните воени бродови во таа зона би изнесувале уште десетици милиони долари.
Гринерт тие проценки ги изнесе на собир организиран од група експерти од американскиот институт Ентерпрајс. Тоа е првпат висок американски воен претставник отворено да признае дека администрацијата на Обама анализира употреба на ракети Томахавк во евентуални напади врз Сирија.
