Економија, финансии, бизнис

Контакт

САД тајно му платиле на Иран 400 милиони долари

САД тајно му платиле на Иран 400 милиони долари

САД тајно му платиле на Иран сума во вредност од 400 милиони долари во исто време со ослободувањето на четворица американски државјани од страна на иранските власти и со договорот за иранската нуклеарна програма во јануари.

 Ова го тврди „Вол стрит журнал“, повикувајќи се на американски и европски функционери. Парите биле обезбедени од централните банки на Холандија и Швајцарија во швајцарски франци, евра и други валути и пренесени во Техеран во товарен авион.

Тие се дел од договорот со кој Вашингтон се обврза да му исплати 1,7 милијарди долари на Техеран за оружје трансакција склучена пред Исламската револуција од 1979 година.

Високи претставници на администрацијата на САД беа категорични дека истовременото ослободување на Американците и плаќање на предметните 400 милиони е чисто појавување, но некои републиканци побрзаа да ја обвинат администрацијата на Обама дека платила откуп.

Слично

Поврзани вести